Автобусите 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса

46

Од денеска автобусите од јавниот превоз на линиите 3, 3А, 3Б и 23 низ Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Во изминатите осум месеци, поради градежни работи во посочениот реон, возилата возеа по изменета траса, односно беа пренасочени по булевар „Србија“.