Авионско прскање против комарци викендов во скопско

165

Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се одвива викендов, на 7 и 8 јули, во раните утринските часови, информираат од Градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Градот Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.