Авионска дезинсекција против комарци викендов

189

Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август (сабота и недела) во раните утрински часови, а терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август (од недела до четврток) во периодот од 23 до 4 часот наредниот ден.

Ова го соопшти РЦУК – Скопје по известување од Град Скопје – Сектор за комунални работи – за прскање против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, како што се посочува, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин, а согласно тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.