Фото: МИА

Силно невреме со грмотевици и силен дожд вечерва ја зафати Струмица и регионот.

Дождот поплави дел од улиците низ градот, а обилните врнежите во некои делови од областа не стивнуваат речиси два часа, јавуваат локалните медиуми.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва објави дека по второто невреме, било зголемено нивото на вода за околу 25 сантиметри само на дел од улицата „Младинска“, која е една од пониските коти во градот.

– Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата, но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем. Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали, за јавно да ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали, а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни вСилно невреме во Струмицарнежи од дожд-напиша Костадинов на Фејсбук.