Фото: Принт скрин МИА

Во скопската населба Мичурин денеска, како последица од силниот ветер, се откорна покрив од зграда, соопштуваат од Противпожарната служба – Скопје.

Оттаму наведоа дека од покривната конструкција биле откорнати лимови.

На терен интервенирале петмина припадници на Противпожарната служба со две возила.

Пред неколку дена силниот ветер откорна покрив на зграда во Охрид.

Невреме деновиве имаше во повеќе краеви на Македонија.