Tрадиционално и оваа година Шпаркасе Банка го поддржува Интернационалниот струмички карневал што ќе се одржи по 30-ти јубилеен пат. Ценејќи го значењето на оваа манифестација, со која се афирмираат културата, обичаите и долгата традиција, Шпаркасе Банка продолжува со постојана поддршка на културни и уметнички настани во Македонија.
Овој карневал што ја вклучува Струмица во големото семејство карневалски градови во светот е прогласен за најдобра културна манифестација од Министерството за култура, исто така ја позиционира земјава на меѓународната туристичка мапа.
Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март со скратена маршрута и во неа ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.
Секоја година манифестацијата Струмички карневал привлекува повеќе од триесет илјади посетители од земјава и од странство. Годинешниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од ковид-19.