Фото: Архива

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби, се вели во партиското соопштение

Барањето на Мицкоски за предвремени избори е обид за опструкција на општеството, реагираа вечерва од владејачката СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Сител најави дека на средбата со премиерот Ковачевски за која очекува покана, ќе го отвори прашањето за предвремени ибори.

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби, се вели во партиското соопштение.

-Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините. Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска. Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година-велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството.

-Христијан Мицкоски е најмалку повикан да зборува за енергетиката и енергетската криза. Двојно зголемување на цената на струјата, укинување на евтината дневна тарифа, честите повеќеднвени испади на енергетската мрежа се резултатите од неговото долгогодишно директорување со ЕСМ и советување на Никола Груевски. Наместо идеи предлози, се што прави Мицкоски се несоновани критики и обвинувања-стои во партиското соопштение.