Дистрибутивната гасоводна мрежа во Струмица ќе се проширува за нови 6,7 километри со кредит од Светска банка, информираат од ЈПЕД „Струмица гас“.

Според директорот, Благој Милановиќ деновиве е поднесено барање за кредитот во висина од 26 милиони денари до Светската банка.

– Кредитот го бараме за проширување на секундарната дитрибутивна мрежа и тоа на пет позиции за да им овозможиме на граѓаните приклучок на гасоводната мрежа- рече директорот на ЈПЕД „Струмица гас“, Благој Милановиќ.

Неодамна Советот на општина Струмица даде зелено светло за задолжувањето и проширувањето на гасоводната мрежа, а кредитот ќе враќа за периодот од 13 години, од кои три се грејс период.