БУТЕЛ

Општина Бутел, освен оптички интернет, обезбеди таблети за сите вработени од седумте општински основни училишта, кои ќе служат за потребите на онлајн наставата. Наставниците веќе ги користат уредите во наставата и се задоволни од начинот на кој се одвиваат часовите.
Во многу училишта имаше стари компјутери, кои беа дел од проектот „Компјутер за секое дете“, но тие се стари и нефункционални, поради што многу од нив се исфрлени од употреба.