Во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ во селото Трново, утре во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија-Битола, ќе се одржи 49-та Семакедонска средба.

Иако и годинашната Семакедонска средба, како и сите претходни требаше да се одржи под покровителство на општината Битола, на само еден ден пред одржувањето на средбата, организаторот е известен од страна на општинската администрација дека не само што нема да земат учество на средбите и нема да испратат претставник, туку и дека Општината го откажува покровителството.

За утрешната средба своето учество го откажале и владини преставници.

Организаторот иако е затечен со ваквата одлука, сепак одлучи да ја одржи Семакедонската средба, како што велат според сите заштитни мерки и протоколи. М.М.