Расте интересот за донирање во Банката за храна во Кавадарци.Од овој месец храната со општинско возило ќе се носи во домовите на социјално загрозените семејства, изјави денеска за МИА Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво “Еко-живот”.

Подружницата на Банката за храна во Македонија функционира токму во соработка со еко друштвото, општината и градоначалникот Митко Јанчев.

-На крајот на овој месец, по втор пат ќе поделиме храна за оние на кои таа им е неопходна. Во пакетите има и хигиенски средства. Станува збор за сто семејства, чии податоци ги добивме од Центарот за социјални работи и општината – соопшти Паризов.

Тој се заблагодари на градоначалникот и општината за поддршката и упати апел до сите кои сакаат да бидат општествено одговорни, да донираат храна во оваа банка, чија цел е да нема гладни помеѓу кавадарчани.