Дивите сечачи наголемо „оперираат“ во околината на Кнежинскиот манастир во Кичево. Голем број пресечени дабови дрвја, е непријатната слика која може да се забалежи во должина од околу два километри покрај патот до манастирот.

Вработените од шумската полиција од Кичево велат дека и покрај контролите кои ги вршат, не можат целосно да ја заштитат шумата.

-Не треба човек да е многу упатен во оваа работа за да му стане наполно јасно, дека младите дабови стебла се сечат исклучиво од дивите сечачи кои не бираат време и ден кога ќе го извршат овој чин. И покрај континуираните контроли и дежурства кои ги вршиме, нема теорија целосно да ја спречиме оваа појава, бидејќи се работи за голема територија, а дивите сечачи ги има во се поголем број.За да може манипулацијата со дрва да биде брза и ефикасна, тие ги сечат најблиските стебла до патот, кои потоа ги товарат во приколки или ги ставаат во комбиња или на коњи.Танките стебла воедно се и полесни и со помалку лица успешно може да се заврши работата – посочија од шумските полицајци.

З.А.