Доцна попладнево во Битола, под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, ВМРО-ДПМНЕ организираше протест и во Битола.

Почетокот на протестот беше пред седиштето на Општинската организација на СДСМ од каде со возила тргнаа и продолжија по улиците Кирил и Методиј – Бул. 1-ви Мај – Васко Карангелевски – Партизанска – Климент Охридски.

– Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди.

Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро – беше речено на протестот на кој говореа поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев и локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Тошевски.

М.М.