фото: Центар за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, по пријава на жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата на патот на потегот од Маврови Анови кон Галичник, кој е завен со снег.
– Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – се наведува во соопштението.

Oд ЦУК воедно ги повикуваат граѓаните во селата и населбите, каде што во зимскиот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.