Деновиве отпочна изработката на голем мурал со лозаровинарска содржина на фасадата на Вински музеј за регионот Тиквеш које лоциран во прекрасниот амбиент на
градскиот парк во Кавадарци.

Според зборовите на директорката на винскиот музеј, Весела Честоева станува збор за проект које ефинансиран од Министерството за култура на Македонија и општина Кавадарци а има за цел да го разубави и облагороди целиот простор на музејот со едно ново дело од визуелната уметност . На муралот работат ликовните уметници Ќире Јосифов, Горан Боев, Ива Јосифова даневска и Лазар Дојчинов сите членови на „Здружението на љубители на уметноста и културата „Кое го носи името „Роднокрајци“.

Ова здружение е формирано пред една година и досега има реализирано неколку успешни проекти и изложби меѓу кои и тематска ликоева работилница и изложба во соработка токму со винскиот музеј.

– Концептот за муралот е презентирање на традицијата во лозарството и винарството во Тиквешијата. Винова лоза, грозје, етнолошки предмети како кошница за берење грозје, буре и садови за вино се дел од мотивите кои ќе бидат насликани на муралот како и
традиционална македонска носија која ја носи македонско девојче за да може да се долови чуството на топлите лета по што е познат тиквешкиот крај во летниот период.  Главниот мурал изнесува 10 квадратни метри и тимпанонот уште отприлика 4 квадратни метри – вели ликовниот уметник Ќире Јосифов.

Промоцијата на муралот е предвидена за 7 септември.

– Предвидено е на муралот да се работи уште 15 до 20 дена, а промоцијата да се одржи
на 7 Септември денот на ослободувањето на Кавадарци кој секоја година се поклопува со манифестацијата „Тиквешки Гроздобер“. Винскиот музеј кој е отворен помалку од две години досега го посетиле близу 6 500 посетители а новиот мурал ќе значи збогатување на содржините кои ги нуди. Освен промовирање на традицијата и култура во лозарството и винарството винскиот музеј се почесто станува место за промовирање на производите на семејните винаарии, место за дегустација но и содржини од областан на музиката и поезијата – вели директорката Весела Честоева. Ми.М.