Фото: З.А.

Село Рамне со традиционалниот собир во дворот на црквата го одбележа патрониот празник на црковниот храм „Света Петка“. Во текот на вечерта жителите од ова село чекаат гости во своите домови од други села и градови. Амбиентот во дворот на црквата беше разубавен со звуците на гајдата и тапанот.

– Секоја година жителите од нашето село со традиционалниот собир во дворот на црковниот храм го одбележуваат празникот „Света Петка“, патрон на нашата црква. Во дворот на црквата на овој ден жителите од селото носат закуска и пијалок, а амбиентот се надополнува со звуците од музичкиот оркестар што го сочинуваат гајда и тапан, што го разубавува и развеселува амбиентот пред црквата. Во текот на вечерта сите жители на село Рамне во своите домови чекаат гости од други села и градови, со што го заокружуваат одбележувањето на овој празник-вели Митко Никодиноски жител на село Рамне.

И покрај засилената миграција од село Рамне, сепак за овој празник пред храмот се собираат поголем број на повремени жители, кои живеат во Македонски Брод или во некој од подалечните градови во земјава. З.А.