Следејќи го принципот на континуитет во изборната програма, а денес и во конкретната
општинска програма за уредување на градежно земјиште предвидовме изградба, реконструкцијата и рехабилитација на 23 улици во Битола, изјави на денешната седница на Советот градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Станува збор за булевар 1 Мај, Солунска, Христо Узунов, Наум Наумовски Борче, 7 Јули и Сутјеска, дел од улица Крушевска Република во АРМ, улица Стара чешма, улица 16-та, улица Ѓорги Димитров, улица АСНОМ, улица Македонска фаланга, улица 28-ма, улица Вера Циривири Трена, улица Брегалница, улица Штипска, улица Христо Узунов, улица Бранислав Нушиќ, улица Струшка, улица Сутјеска, улична мрежа низ село Логоварди, локалните патишта за селата Дихово, Буково, Брусник чие завршување во целост е планирано до крајот на следната година.

Со оваа програма за реализација предвидени се и други инфраструктурни проекти во повеќе руралните места, а согласно состојбата која ја затекнавме веднаш по доаѓањето како локална самоуправа, предвидуваме и 300.000 денари за изработка на Студија за утврдување на состојбата на седум челични мостови на река Драгор, со цел да не не изненадат други ситуации, слични на онаа со мостот кај Безистенот.

Притоа Тони Коњановски додаде дека со програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, планирана е изградба и уредување на Нов парк во Нова Битола, содржина која е повеќе од потребна во тој дел од градот, но и средства за обнова на Планинарскиот дом Копанки, кој конечно после 9 години ќе се врати во функција, а нема да биде само тема за политички препукувања и мудрувања. М.М.


Лидија Павловска нова советничка во Советот на Битола

Лидија Павловска од ВМРО ДПМНЕ е нова советничка во Советот на Битола. Таа на советничкото место седна по престанокот на мандатот на сега веќе поранешниот советник Пеце Милевски, кој по изборите стана директор на ЈКП „Водовод“. Откако советниците на почетокот на седницата го констаираа престанокот на мандатот на Пеце Милевски, поради заминување на друга функција, и се верифицира мандатот на Лидија Павловска, која бе{е следна на листата кандидати од локалните избори 2021 година.
М.М.