Во рамки на кампањата „Безбедно лето“ денеска во полициска станица прилеп Прилеп, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Битола и раководителите од ОВР Прилеп одржаа средба со сопствениците на угостителски објекти во Прилеп.

На средбата било разговарано за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници по полноќ и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност како и за престојниот „Пивофест“. Ка.М.