Утрово во Битола почна акцијата за чистење на дивите депонии. Еден од приоритетите на локалната самоуправа во соработка со јавните претпријатија е компленто да се промени лошата слика која во моментот ја има на повеќе места низ општината. После спроведеното мапирање на најкритичните точки каде се создадени најголемите депонии, со денешната акција се чистат три локации: обиколницата над Битола, на потегот од „Лукоил“ до тунелот, патот кон село Бистрица и просторот кај ОУ „Коле Канински“.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски , надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија ги посетија локациите каде се спроведува денешната акција, со цел понатамошно координирано делување и на другите места каде е неопходно расчистување.


Акцијата продолжува и во следниот период, а граѓаните имаат можност дополнително да пријавуваат диви депонии преку веб платформата „Пријави проблем“ или на електронската адреса [email protected].
-Со ваквиот пристап, локалната самоуправа во соработка со граѓаните, ќе овозможи навремено расчистување и спречување на појавата на нови депонии кои имаат негативно влијание и врз животната средина – велат од локалната самоуправа.
М.М.