Општина Прилеп утре, на 13 јануари, за првпат на платото кај Саат Кулата ќе го одбележи доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар. Одбележувањето на празникот ќе оди според сите протоколи за заштита од ковид-19.

– Воочи големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, Општина Прилеп од 11 до 13 часот на плоштадот кај саатот, секој добронамерник ќе го почести со парче бурек, варено вино или чај, кои ќе бидат поставени на места специјално подготвени за таа намена. Производите што ќе се делат се обезбедени од страна на неколку општествено одговорни компании – велат од општина Прилеп во соопштението што денес го испратија до медиумите.

Празникот Василица голем број македонски семејства ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На
овај ден традиционално се дели и бурек со паричка, а на онај што ќе му се падне паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година. Токму и затоа општина Прилеп, бидејќи одбележувањето на овој празник е во градот изразено, се одлучи на овој начин да го прослави празникот за првпат, со почитување на мерките за заштита од ковид-19. Ка.М.