ЈП „Пазари“ Битола, кое вработува 42 вработени денеска одбележа 70 години од основањето. Јубилејот беше одбележан пред Управната зграда на јавното претпријатие. За 70 годишниот јубилеј зборуваше директорката на претпријатието Соња Карапашовска.

Јубилејот имаше и хуманитарен карактер, со тоа што дел од приходот, кој беше собран од невладината организација „Слоу фуд“, која имаше отворено штандови за продажба на производи за здрава храна, ќе биде дониран во „Банката за храна“.

Директорката Карапашовска најави нова реорганизација на јавното претпријатие кое ќе придонесе за подобро и поефикасно функцинирање. Таа побара да се врати традицијата на пазарите кои порано во Битола ги имаше во голем број.

Карапашовска нагласи дека капацитетите на стариот и новиот пазар во Нова Битола не ги задоволуваат капацитетите и потребите на битолчани. Таа поттикна и зголемување на хигиената на пазарите.

На дел од вработените кои со децении работеа во ЈП „Пазари“ им беа доделени благодарници. М.М.