Фото: Зоран Антоски

Со вечерна богослужба што ја одслужи Митрополитот Дебарско-Кичевски Господин Тимотеј и поголем број свештеници од Охрид и од Кичевското архиерејско намесништво и со утрена света архиерејска Литургија што ја служеше Митрополитот г-дин Тимотеј, беше одбележан патрониот празник на манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во село Кнежино, Кичевско.

– Празникот Свети Ѓорѓија попознат кај народот како Ѓурѓовден, денес беше одбележан во манастирот, чиј патрон е овој светец, во село Кнежино, Кичевско. Одбележувањето започна со вечерна богослужба што ја отслужи Митрополитот Дебарско-Кичевски, г-дин Тимотеј со повеќе црквенослужители. За присутните верници во манастирот беше служена вечера во манастирските конаци – потсети сестра Софија.

Таа нагласи дека одбележувањето продолжило утринава со света архиерејска Литургија.

– Денес во 8 часот во манастирската црква беше одржана света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј со поголем број свештеници од Кичево и Охрид – додаде сестра Софија.

Во текот на денот беше извршено и традиционалното примопредавање на кумството од досегашниот на новиот кум кој ќе му служи на маанстирот во наредните 12 месеци. З.А.