Фото: З.А.

Општина Македонски Брод и покрај економската криза во земјава и светот, со забрзани чекори се движи кон својот побрз економски и секаков вид развој. Во тој поглед најдобра потврда се и неколкуте проекти кои се во тек на реализација и се очекува да бидат финализирани во втората половина до крајот на годинава.

– За да ги подобриме условите за живот на граѓаните во нашата општина и да го намалиме иселувањето, започнавме со реализација на повеќе проекти во градот и во селата во општината. Така во полн ек е изградба на каналот Лоштица за прифаќање на атмосферските води во должина од 300 метри. Тече и изградбата на водоводот во туристичката населба Здуње во близина на езерото Козјак. Исто така во тек е изградба на резервоар за питка вода во викенд населбата Близанско кој располага со пивршина од 200 метри квадратни. Во повеќето проекти кои се во фаза на реализација е и изградба на кошаркарско игралиште во ООУ „Свети Климент Охридски“, а во тек е тампонирање на локалниот пет П-408 до село Бенче во должина од 300 метри – истакна градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарки Ристески. З.А.