Битолските вандали не мируваат. По мала пауза, откако тие во два-три наврати ги
уништуваа буквите од знакот Битола кај Градскиот часовник, синоќа дивееја кај Градското шеталиште. Овој пат цел на битолските вандали беа канделабрите кај Шеталиштето.

Иако една од канделабрите беше доста добро зацврстена, вандалите сепак успеаја да ја срушат на земја и да ја уништат. Овој вандалски чин наиде на остра осуда кај
битолчани, особено кај оние кои секојдневно рекреираат кај Шеталиштето.

– Не можам да ја разберам оваа младина. Не знам што им сметаа канделабрите па да ги уништуваат – ни вели еден средновечен граѓанин, кој го осуди вандалскиот чин.

Битолчани бараат надележните да ги преземат сите мерки и да ги санкционираат сторителите на овој вандалски чин. М.М.