Ревитализиран фудбалскиот терен во СРЦ „Крушино“

На иницијатива и со подршка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пред неполн месец пристапено е кон ревитализација на фудбалскиот терен во СРЦ „Крушино“ кој последната деценија беше целосно запуштен и без ничија грижа.

– За да го поврати првобитниот изглед, изминативе триесетина дена од страна на наши работници беше извршена ревитализација на фудбалскиот терен во СРЦ „Крушино“, идеално место за летни подготовки на екипи од сите рангови. Откако се изврши порамнување на теренот и негова ревитализација, од страна на заинтересирани поединци од градот истиот беше редовно косен. За да не пропадне целиот проект се прават напори јавното комунално претпријатие од Кичево да преземе обврска теренот редовно да го наводнува и навремено да биде покосен – информираа од куќата на фудбалот, од каде што имаат забелешка на одредени поединци кои со мотори влегуваат во теренот што под нивниот товар се оштетува.

Останува да се види дали обновата на теренот ќе донесе екипи на подготовки во Кичево, како што беше случај порано. Заинтересираните екипи можат за сместување да ја користат Куќата на уметноста, која од овој спортски центар е оддалечена неполни три километри. З.А.