Плакати на кои пишува „Пази куче!“ осамнаа во центарот на Битола, на Широк Сокак и во Старата чаршија.

Плакатите се поставени во градот како предупредување за опасноста од кучињата скитници, кои од ден во ден стануваат ноќна мора за битолчани, а за кои локалната
самоурава сѐ уште нема пронајдено решение.

Инаку, поради каснувањата од кучињата скитници локалната самоуправа на Битола
минатата година плати над 1.800.000 ден.

Во СВР Битола тврдат дека нивниот билтен е полн со поплаки на граѓани кои се каснати
од кучиња скитници. М.М.