На Техничкиот факултет во Битола, денес од страна на првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски беа доделени 5 стипендии на студенти на Техничкиот факултет во висина од 80.000 денари.

Стипендии на најголемата електро енергетска компанија во државата АД ЕСМ можат да добијат само студенти кои од прва година па до крајот на своите студии имаат просек над 8.

– АД ЕСМ веќе неколку години со ред доделува стипендии на најдобрите студенти, кои имаат просек над 8 на сите државни универзитети во Македонија. Овие стипендии треба да претставуваат поттик за сите сегашни и идни студенти да му се посветат на техничките студии, кои и тоа како им се потребни на АД ЕСМ и РЕК Битола – изјави претседателот на УО на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Досега на Техничкиот факултет во Битола се доделени над 25 стипендии на студентите кои имаат просек над 8.
М.М.