Во атарот на село Новаци на патот кон Ергела денеска целосно е исчистена дивата депонија. Екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација почна со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постоеше и беше натрупан на дивата депонија во Новаци кон патот Ергела.

– Сите подеднакво треба да се грижиме за чиста и здрава еколошка средина. Ние како локална самоуправа ќе направиме се што е во наша моќ и надлежност за да имаме нулта толеранција кон дивите депонии, но секако дека тука треба да ги повикаме и населението и нивната свесност за одговорно однесување кон животната средина. Со вакви акции најпрво ги мапираме а секако дека ќе организираме и ќе ги исчистиме сите 7 критични точки кои се наоѓаат на наша територија – рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци. М.М.