Фото: Зоран Антоски

Без вода за пиење утринава останаа „Булеварот Ослободување“ и соседните помали улици, како и жителите на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, поради дефекти во водоводната мрежа. И покрај штрајкот, вработени од ЈКП „Комуналец“ излезени се на терен за да ги отстранат дефектите и го нормализираат водоснабдувањето во овие делови од градот.

– И покрај штрајкот кој веќе втор ден се одвива во нашата компанија, ние сепак во целост ги спроведуваме сите работни задачи, вклучувајќи ги и виталните функции а тоа е редовното снабдување на градот со вода за пиење. Бидејќи во летните месеци потрошувачката на вода е драстично зголемена, во ноќните часови доаѓа до нагло зголемување на притисокот во цевките што предизвикува нивно прксање и проблеми во водоснабдување. Покрај овој проблем, во повеќе делови од градот секундарната водоводна мрежа е застарена и е подложна на почести дефекти и проблеми со водоснабдување – рече Рајна Алескоска од ЈКП „Комуналец“. З.А.


Прскање против комарци во општина Кичево

Центарот за јавно здравје Битола денеска и утре спроведува превентивно теристичко дезинсекциско третирање и заштита од комарци во Кичево. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 часот со апаратура  за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, информираа од Центарот за јавно здравје Битола.

Во оваа фаза ќе бидат опфатени 800 хектари на локација на град Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Во случај на појава на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. З.А.