Пазарџиите кои во изминатиот период продаваа на паркингот кај Новиот пазар, незадоволни од одлуката на Советот да се дислоцираат од паркингот, денеска влегоа во Советот на Општина Битола и го прекинаа почетокот на новата 16-та по ред седница.

Тие од општинските власти побараа промена на одлуката на Советот и да се вратат на локацијата на паркингот од Новиот пазар, каде ги продаваа своите земјоделски производи.

Пазарџиите не прифакаат своите производи да ги продаваат внатре во затворениот дел на пазарот.

Но за жал, мнозинството советници не се согласија со нивните барања и опстанаа на одлуката на Советот со која пазарџиите ќе мораат да ја почитуваат одлуката своите
производи да ги продаваат во внатрешниот дел на пазаротМ.М.