Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски

Општина Битола, изработи нов петгодишен план за подобар квалитет на амбиентниот воздух, кој треба да го олесни понатамошниот процес на работа на оваа проблематика, со спроведување на конкретни мерки и постапки кои ќе ја намалат загаденоста и ќе ја подобрат состојбата со животната средина.

Планот кој беше образложен на денешната презентација е изработен во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс во преку граничниот регион“, спроведуван од Центар за климатски промени и Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во своето обраќање, градоначалникот на Битола Тони Коњановски ја потенцираше подготвеноста на општината за понатамошна имплементација на низа мерки, меѓу кои и тие кои се дел од програмата за животна средина. Годинешниот буџетот за оваа програма изнесува 9.500.000 денари.

Планирани се повеќе видови на поддршка, како субвенции за набавка на велосипеди, субвенционирање на колективни згради за поставување на енергетски ефикасни фасади и уредување на дворни места, како и субвенции за чистење на оџаците, како и други проекти кои од една страна вклучуваат енергетска ефикасност, но истовремено влијаат и на квалитетот на воздухот. М.М.