Фото: Игор Бансколиев / Архива

Полициски службеници од СВР Битола викендов спроведоа акцискa контролa како дел од планот за “Безбедно лето-2022” на цело подрачје на СВР Битола, односно контрола на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир.

Според соопштението од СВР Битола во контролата биле опфатени 37 локации на подрачјето на Битола каде биле извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни визила.

При контролата приведено било едно лице кај кое било пронајдена растителна материја. Исто така приведени биле и четворица малолетници (деца без родителски надзор), како и осум алкотестирани лица.

Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од “Законот за прекршоци против јавниот ред и мир” и 27 прекршоци според “Законот за безбедност на сообраќајот на патишта” .
СВР Битола продолжува со спроведување на зајакнати акциски контроли за зачувување на јавната безбедност.

Ка М.