Во четврток на 4 октомври ЈП Македонија пат, подружница Велес, ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од село Смоквица до село Прдејци во период од 9:00 до 17:00 часот.

Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица- Гевгелија во двата правци.

На местото на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.