Во Охрид комплетно ќе се реконструира улицата Прва македонска ударна бригада. Деновиве почнаа да се изведуваат подготвителни активности пред да почнат главните зафати на сообраќајницата. На улицата дрвените бандери ќе бидат заменети со нови бетонски столбови. Проектот предвидува обновување на Прва македонска ударна бригада на потегот од крстосницата со улицата Питу Гули до „Стобекс“.

– Во моментов се работи на преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постојните дрвени со нови бетонски столбови. Проектот за реконструкција на улицата Прва македонска ударна бригада е дел од годишната програма за уредување градежно земјиште, а за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 13 милиони денари -информираат од Општина Охрид.