На последната седница на Советот на Општината прифатено е барањето за локалната урбанистичка планска документација за изградба на Старски дом во Битола, на патот кој од местото викано Црвени петли води кон Националниот парк Пелистер. Со тоа се отстранети сите пречки за почеток на изградба на Старски дом во Битола.

Станува збор за дом кој ќе има капацитет од педесетина легла, а ќе го гради битолски приватен инвеститор.

Инаку, во Битола потребата од старски дом е огромна. Стотици стари лица се наоѓаат на списоците на старскиот дом „Сју Рајдер“ кои чекаат да бидат згрижени во домот.

Покрај овој дом кој има капацитет од над стотина легла, во Битола постои уште еден приватен старски дом кој се наоѓа во селото Кравари. М.М.