Василево

Општина Василево ќе гради атмосферска канализација, која ќе значи поголем капацитет на веќе постојната. Во согласност со техничката спецификација, должината на атмосферската линија ќе изнесува 956 метри, а проценетата вредност е четири милиони денари, кои се обезбедени од општинскиот буџет.

– Реализацијата на овој проект во практика ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од населеното место Василево, бидејќи оваа атмосферска канализација ќе се поврзе со постојната, која беше изградена заедно со улицата од поштата до повеќенаменско игралиште. Реципиент на атмосферските води ќе биде реката Водочница, со што ќе го решиме проблемот што сега ни се јавува при обилни врнежи, кога доаѓа до излевање на јамата во која завршува постојната атмосферска канализација – информира градоначалникот на општината Василево, Марјан Јанев.

Надлежните соопштуваат дека на официјалната страница на Бирото за јавни набавки, Општина Василево веќе има објавено оглас за јавна набавка за изградба на атмосферска канализација, а крајниот рок за доставување на понудите е 18.6.2020 година.