Општината Крушево набави и стави во употреба неколку комунални возила во функција за подобрување на капацитетите на ЈКП „Комуна“.

– Во 2019 година во употреба беше ставен новиот камион за отпад, а општината обезбеди донации на ровокопач и трактор со плуг за снег и соларка. Но општината продолжува да го опремува јавното комунално претпријатие во насока на подобрување на услугата кон граѓаните, одржувањето на јавната хигиена, зимското одржување на улиците и друго – информираат надлежните.

Покрај овие активности, општината обезбеди 400 канти за отпад и седум контејнери, а во тек е набавка на камион за чистење и метење – метларка, 21 контејнер и косилка.
Како што веќе беше најавено, општината Крушево планира оваа 2020 година да стане уште едно поголемо градилиште од сегашното, имплементирајќи проекти од сите гранки на општественото живеење.

Минатата година, исто така, започна и реконструкцијата на горната училишна зграда, заборавен објект што беше пред уништување. Во првата половина од 2020 година, општината Крушево планира да го заврши и овој објект.