Шеста година по ред, во првата половина на април, на главната улица во Кичево цветаат јапонските цреши, кои тука беа засадени по рекструкцијата на најстарата градска улица.

Нема граѓанин кој деновиве поминува по главната улица, а да не подзастане за да се наслади од сликата што пред него ја создаваат овие растенија по потекло од Далечниот Исток.

– Немам зборови со кои можам да ја опишам убавината што секоја пролет, кога ќе процветаат јапонските цреши , ја создаваат на глвната улица во нашиот град. Затоа со нетрпение го очекуваме април, кога традиционално цветаат јапонските цреши и така во наредните десетина дена ќе уживаме во овој неповторлив дар на природата. Колку би било убаво јапонските цреши да го зачуваат цветот подолг период или барем до средината на мај. Тогаш ќе имаме можност подолг период да уживаме во оваа убавина, која може единствено природата да ја создаде – вели Перо Тренески, пензионер кој живее во непосредна близина на главната улица.

З.А.