Со донација од јапонската амбасада, во детската градинка „Цветови“ во населбата 8 Ноември се променија прозорците, кои беа стари и дотраени и котелот за греење, а додека со финансии од општината оваа детска градинка набави нов мебел, завеси и теписи. Во претходниот период се работеше на темелни реконструкции на објектот на оваа предшколска установа. Деновиве се приведуваат кон крајот завршните активности на интервенциите во градинката.

Како што информираат од општината, се работи за инвестиција од околу 4,8 милиони денари од кои дел се од локалната самоуправа, а дел се донација од јапонската амбасада. Станува збор за значајна инвестиција во овој клон на објектот, бидејќи по подолг период се реконструираат старите и дотраени работи. Пред официјалното завршување со сите зафати, објектот го посети и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.