Фото: Зоран Антоски

И додека административците добро заседнати во своите фотељи го поминуваат својот работен ден, големо стадо овци во беспрекорен ред и по силен дожд го поминува долгиот пат за Бистра и попатно поминува и крај општинската зграда во Кичево.

Овците и некако можат да го поднесат дождот, но сироти овчари добро натопени од поројниот дожд, преживуваат вистинска голгота на ова повеќедневно патешествие.

Од една страна е комодитетот што го нуди државата на административците, од другата страна овчарите со сите маки и премрежија кои ги преживуваат во својот работен и животен век.

Зоран Антоски