Фото: Зоран Антоски

Инфраструктурниот бум во општина Кичево продолжува со несмален интензитет, а како дел од овој градежен бум се и двата кружни тека што се градат во близина на хотел „Арабела“ и на влезот од кичевската касарна.

Двата кружни тека се во завршна фаза и до средината на месец март истите ќе бидат ставени во употреба, по што сообраќајот во овој дел од градот ќе се одвива непречено и повеќе нема да претставува тесно грло, како што беше случај претходните години.

– Со 8.000.000 денари средства од општина Кичево и грант од Светска банка, во полн ек е изградбата на два кружни тека во северниот дел од градот во близина на хотел Арабела и пред влезот на кичевската касарна. Градежните зафати започнаа кон средината на есента и се очекува до 15 март и двата кружни тека да бидат комплетно завршени и пуштени во употреба. Со новоизградените кружни тека, овој дел од градот повеќе нема да биде тесно сообраќајно грло, како што тоа се случуваше претходните години во летниот и зимскиот период. Со нивната изградба овој дел од градот ќе го подобри и естетскиот изглед и ќе бидеме град со најмногу кружни текови во земјава – рече Бурим Кадриу, задолжен за финансирање и буџет во општина Кичево.

Изведувач на работите е компанијата „Инсталација“ од Кичево.