Нивоата на реката Вардар кај Јегуновце, кај Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Сатеска кај Ботун и Црн Дрим кај Ложани, се повисоки од денешниот просек за април.

Според УХМР, пониски се нивоата на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна река кај Новаци.

Зголемувања се измерени и на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.