Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локален пороен дожд и грмежи кон крајот на денов, особено во северозападното подрачје.

Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

– Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град – соопшти УХМР.

Во Скопската Котлина најмногу услови за нестабилност ќе има утре околу пладне и попладне. Во недела условите за нестабилност ќе бидат помали.