Утринските температури во целата држава се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -11 степени, а највисока темрпература е измерена во Претор -2 степена.

Според измерените температури до 07:30 часот,, во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Битола, Штип, Демир Капија и Тополчани се измерени -6 степени, во Лазарополе, Прилеп, Скопје, Крушево и Куманово -5, во Ѓуриште и Маврово -4, а во Охрид, Тополчани и Геввгелија -3 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 22 сантиметри, а на Маврово е 10 сантиметри. Најмалку снег има во Битола, само еден сантиметар.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од 2 до 7 степени.

Утре претпладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд  и снег, а наместа ќе врне и замрзнат дожд. Потоа следува период на стабилно и суво време со појава на магла по котлините.