Неготино

Општина Неготино во соработка со приватниот сектор обезбеди и стави во функција уред за автоматска дезинфекција на возилата со што се постигнува поголема ефикасност и намалување на потребата од човечки ресурси.

– Првиот уред, кој веќе работи, е поставен на влезот од Неготино кај старите погони на ФЕМ и со него се дезинфицираат сите возила што влегуваат во нашиот град. Во функција ќе се стави и вториот уред на влезот во Неготино од Кавадарци – информираат од локалната самоуправа, благодарни на фирмите што им го овозможиле овој уред.

Велат дека уредите биле брзо и ефикасно подготвени и ставени во функција за автоматска дезинфекција на возилата. Ова се само некои од мерките што Општина Неготино и понатаму продолжува да ги презема за заштита од коронавирусот.