Фото: Зоран Антоски

Членовите на Локалниот клуб на СДММ Кичево, денес спроведоа еднодневна акција на уредување на детското катче во излетничкото место место Крушино, одалечено околу три километри од Кичево.

Младите од локалниот клуб најпрво го исчистија ѓубрето што беше наталожено на овој простор, од гнилеж на паднати лисја, до секаков вид на отпад фрлен од неодговорните посетители на центарот, потоа ги обновија реквизитите за детски игри, кои  беа речиси уништени, ги префарбаа и заштитија од корозија и од утре сите добронамерници кои ќе дојдат во центарот, ќе имаа можност да ги користат обновените лулашки, нишалки и други реквизити.

Акцијата на младите ја поздрави и носителката во ИЕ 5 на  коалицијата „Можеме“, Радмила Шеќеринска, каде и самата се вклучи во акцијата за уредување на овој простор.

– Можеме да бидеме задоволни што на дечињата на детското катче во СРЦ „Крушино“ им овозможивме со освежените реквизити и отстранетото ѓубре да можат безбедно да се играат и забавуваат. Би ги замолиле сите оние кои ќе престојуваат тука, да не ги уништуваат детските реквизити и да не фрлаат ѓубре во овој локалитет, кој треба да се негува за општо добро на најмладите од градот – апелираат младите од Локалниот клуб од Кичево.