Поради интензивни врнежи од снег во 11:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП Македонија пат.

Оттаму посочуваат дека укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.