Согласно залагањето на Владата на Република Македонија за олеснување на предизвиците со кои се соочуваат лицата без лична документација, денеска во Кичево се одржа тркалезна маса за имплементација на проектот „Надвор од кругот-невидливи во општеството“.

На денешната тркалезна маса целна група беше ромската популација, каде дел од месните жители сè уште немаат лични документи за лична идентификација, што им претставува проблем во нормално функционирање во општеството.

-Денес во нашиот град се одржа тркалезна маса на која главна тема беа проблемите со кои се соочуваат лицата од ромската популација кои не поседуваат документи за лична идентификација, проблем кој се имплементира преку проектот „Надвор од кругот-невидливи во општеството“. На денешната тркалезна маса беше истакнато дека дури 17 полнолетни лица од ромската популација од градот не поседуваат документи за лична идентификација и со многу потешкотии досега се решени само два случаи. На денешната тркалезна маса беше нагласено дека во блиска иднина и за останатите лица да се реши овој проблем, за и тие во иднина да не наидуваат на проблеми кои ги предизвикува немањето на соодветни документи за лична идентификација- истакна Муамет Алоски, активист од Кичево во НВО „Месечина“.

З.А.