Во Кичево се одржа трибина на тема „Што е референдум и зошто треба да се гласа“, кои се последиците по земјава ако референдумот биде неуспешен, каде се младите во оваа приказна, и зошто тие го носат главниот товар на овој референдум, бидејќи се работи за нивната иднина.

На трибината говореа еминентни професори експерти од оваа област, кои во детали на присутните им ги презентираа последиците во случај ако референдумот биде неуспешен или придобивките ако истиот биде успешен. Во дискусиите зедоа учество д-р Рубин Земон, Вахид Мехмед и Аднан Асимовски. Покрај тоа што тие дадоа исцрпно образложение на оваа тема, тие одговараа и на прашања поставени од страна на присутните.

– На неполна седмица од референдумот во Македонија, во нашиот град се одржа трибина на тема „Што е референдум и зошто треба да се гласа“. Експерти од оваа област им ги предочија на присутните последиците со кои би се соочила земјава, во случај на неуспешен референдум, а тоа се затворени врати за влез во НАТО и ЕУ на подолг рок и, забавување на европската перспектива на земјава и на младите во целост, и од друга страна кои се придобивките ако референдумот биде успешен, а тоа се брз прием во НАТО и прием на земјава во ЕУ во блиска иднина, зголемен обем на инвестиции што ќе придонесе за побрз развој на Македонија и повеќе вработувања на младите – истакна Емин Мамудоски од НВО„ Преродба“, организатор на оваа трибина. З.А.