Десетто традиционално рели ќе се одржи утре и задутре на планината Плачковица.

Влатко Хилјадников од клубот „Астибо Екстрем“ вели дека очекуваат над 130 учесници со крос мотори и околу 80 со џипови.

– Стартот е утре од Градскиот стадион во Штип, ќе се вози низ пределите на Плачковица, поминувајќи ги селата Љуботен, Кошево, Почивало, а завршувајќи кај планинарскиот дом Вртешка. Исто така ќе имаме и трка која е поддржана од Мото федерацијата на Македонија. Така што ќе има голем број на учесници и награди – истакна Хилјадников.

Учество на релито имаат најавено и гости од соседните земји, а завршува в недела. Организатор е клубот „Астибо екстрим“ со помош на клубот „Хамачи екстрим“ од Штип.